Д-р Саити: И судиите имаат проблеми за кои никој не ги прашува – судството недоволно возвраќа со аргументи во однос на перцепцијата во јавноста

You must need to login..!

Опис

Новоформираниот состав на Советот за етика во судството рече дека ќе даде една нова димензија во етичкото однесување на судиите, односно судиите да бидат повеќе присутни во јавниот живот и со својот личен габарит да се крева завесата околу тоа каква е судската власт.

-Јас знам некогаш да кажам дека во државата за се што се случува виновно е судството, па дури и ако е загаден воздухот, па и да имате проблем на граница. Но факт е дека има проблеми во судството. Се зголемува обрачот, стегањето, критиките околу функционирањето на судството, но сметаме дека судството недоволно возвраќа со аргументи во однос на јавното мислење за тоа што се случува во судството.

-Медиумите милуваат да повеќе да пишуваат за негативните страни во судството. Вие може да имате 1.000 добри одлуки, само со една лоша одлука станувате корумпирано или некадарно судство.

-Во таа насока сметам дека судството треба да биде малку поофанзивно, односно органите кои ги претставуваат судиите – Судскиот совет и Врховниот суд како носител на судската власт, но тука не помалку треба да е гласот и на Здружението на судиите, изјави за Утрински брифинг д-р Џемаили Саити, врховен судија.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

2 × three =