Д-р Ристевски: Бројките на заразени се намалени – од починатите најголем број се невакцинирани

You must need to login..!

Опис

Во вакциналниот пункт во Поликлиника Букурешт може да се прими и прва и бустер доза, вели д-р Александар Ристевски за Утрински брифинг.

Тој додава дека за жал поголем е интересот за третата дза отколку за прва доза од вакцината, па затоа тој апелира граѓаните да се одлучат да се вакцинираат оти е очигледно дека вакцината ја намалува опасноста од тешки форми на ковид-19.

Според Ристевски, најголемиот број луѓе што ја примаат третата доза главно се повозрасни граѓани.

Д-р Ристевски вели дека нема сомневање дека кај вакцинираните полесно поминува ковидот, а често и асимптоматски.

-Голема е разликата. Вакцинацијата си го направи своето со тоа што организмот реагира и се брани повеќе отколку кај невакцинираните, вели д-р Ристевски. Тој додава дека бројките се намалени и на заразени и на починати, а од нив драстично најголем број се невакцинирани.

-Неколку месеци по прележан ковид се чувствува слабост, има последици кај кардиоваскуларниот систем и најголем број од последиците од прележан ковид се иреверзибилни, вели докторот.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

13 − 7 =