Д-р Пејкова: Министерството навремено предвиде, а ние како Клиника за пластична хирургија успешно се реорганизиравме во Ковид центар

You must need to login..!

Опис

Пластична хирургија беше еден од Ковид центрите. Тоа беше едно правилно предвидување на минситерот за здравство, бидејќи со следење на целиот развој на растење на бројката на пациенти, ако се вратите назад и да ја видите нашата епидемиолошка крива ќе видите дека помеѓу 21 март и 4 април го доживуваме пикот на новозаразени. Така што навремено министерството го предвиди тоа дека ќе бидат потребни отворање на нови болнички капацитетити и пациентите да бидат хоспитализирани и третирани како што треба, изјави во Утрински брифинг директорката на пластична и реконструктивна хирургија, д-р Софија Пејкова.

Нашата клиника не беше претходно дел од ковид центрите, бидејќи еден ковид центар инфраструктурно мора да задоволува протоколи за работа, односно зелена зона, незагадена, каде персоналот работи во услови каде нема пациенти, птоа има жолта зона која е тампон зона пимеѓу зелената и зоната каде пациентите лежат. Целиот оддел наш со сите 33 расположливи кревети, станаа за третман на ковид пациенти ние моравме да направивме една организација како ќе функционираме, бидејќи во еден ковид центар персоналот мора да се однесува според одредените правила. Во зелената зона се облекувавме, во жолтата тампон зона сме комплетно заштитени. Се што се случува во црвената зона, не смее да биде изнесено надвор од таму. Целата документација, историите, терапиите мора да се водат и запишуваат дупло. Така што направивме план како ќе функцинираме. За 24 часа го направивме, направивме и нов распоред за работа. Од 22 вработени од нашата клиника, 16 беа ангажирани во Ковид центарот, а останатите шест останаа да ја покриваат итната патологоја. Во пресрет ни излезе Клиниката за торакална хирургија која ни обезбеди 12 кревети, така што истовремено пластична хирургија беше поделена на две клиники, вели д-р Пејкова.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

sixteen + 12 =