Д-р Петличковски: Научните докази се многу убедливи – сите вакцини одобрени од СЗО се исклучително ефикасни во намалување на тежината на болеста

You must need to login..!

Опис

Во тек е масовна имунизација против Ковид-19, бројките на новозаразени и хоспитализирани се намалуваат, што дава надеж за скорешно завршување на епидемијата.

Д-р Александар Петличиковски од Институтот за имунологија при Медицинскиот факултет за Утрински брифинг изјави дека имунизацијата оди добро и сега имаме добри шанси со релатовно кратко време, со задржување на ова темпо од 10.000 вакцинирани дневно, до крајот на летото ситуацијата да се нормализира.

Летово со топлиот воздух, со прошетките се намалуваат шансите за пренос на вирусот. Гледаме дека во цел свет трендовите се позитивни, но се уште сме кревки, бидејќи ако ова што досега сме го постигнале не го надополниме со масовна и ефикасна вакцинација, можно на есен пак да очекуваме проблеми, вели Д-р Петличковски.

Вакцините се различни, платформите се различни, постојат нијанси во разликата од ефикасноста на различните вакцини. Ова расположени за Фајзер е од сега. на почетокот луѓето најмногу се плашеа од оваа вакцина. Имаше страв од Аста Зенека, од Џонсон и Џонсон, сега од кинеската вакцина, но тоа се периоди кога една вакцина добива или губи на популарност. Реално нема логика луѓето да се замараат со нијансите на проценти, дали 2 или 4% е поефикасна од друга. Имунизација се користела мнгу многу одамна и за ниедна вакцина не се крена волку прашина. Никогаш имунитет не се проверувал после вакцина за грип, морбили… Ова малце е пренапумано расположение за проверка на ефикасноста на вакцините. Научните докази се многу убедливи – сите вакцини кои имаат одобрение од СЗО, меѓу нив и Синофарм, се исклучително ефикасно во намалување на тежината на болеста, што е клучната добивка од вакцините. Значи процентите – 2, 3, 5, па и 10% помалку навистина не се битни. Битно е дека сите вакцини многу добро не штитат од тешка болест, изјави за Утрински брифинг Д-р Петличковски и додава дека политиката има многу влијание од популарноста и непопуларноста на вакцините.

Целиот разговор погледенте го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

9 + 17 =