Д-р Петличковски за УБ најави олеснување на мерките – пандемијата не е завршена, но трендот е многу добар

You must need to login..!

Опис

-Пандемијата не е завршена, но трендот е многу добар. Во последните четири недели од извештаите на Институтот за јавно здравје гледаме намалување на сите релевантни параметри што ја проценуваат состојбата со пандемијата, изјави за Утрински брифинг, претседателот на Комисијата за заразни болести Д-р Александар Петличковски.

-Имаме намалување на бројот на позитивни случаи, имаме намалување на бројот на хоспитализирани, имаме намалување на бројот на починати заразени од ковид и се на сѐ одиме во добра насока, додава Петличковски.

-Јас сум оптимист дека во скоро време би можеле да разговараме за ограничување на маските. Идејата на Комисијата е олеснувањето на овие мерки да оди постапно.

-Мислам дека е добро да ги неутрализираме мерките кои би имале најмалку влијание на евентуално влошување на ситуацијата, но се надевам на комплетно ослободување на мерките, вели Д-р Петличковски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

four − 1 =