Д-р Пановски: Рецепт за долговечност е да не прашуваш партија, туку да правиш како што мислиш

You must need to login..!

Опис

-Делта сојот го дочекавме со сите почести, имавме неверојатно смирена состојба. Така прават Кинезите – кога немате случаи тогаш се преземаат мерки. Границите беа ширум отворени, во летно време се дозволи свадби по затворени простори. Делта сојот ќе се ширеше полека ако се презедоа мерки. Секако ќе го доживеевме ударот, веројатно како помал бран сега.

-Кога има пандемија државата ја води државата, а не граѓаните. Наместо овие тестови да се испратат кај деца настинати, а не кај здрави по училиштата. Приватните лаборатории се збогатија. Знам колку чинат тестовите и може да се работи со интерес со многу пониска цена. Ако ги симнеа цените во јуни лани, ЕК ќе ни ги дадеше тие пари. Нема финансиско оправдување за тоа. Тој што има пари ќе се тестира и ќе го купи лекот оти нема поента тестирање да ви закажат по седум дена, а лекот се пие во првите пет.

-Има протокол за лекоување, но никој не го објавува. Мене ми го прати протоколот д-р Докиќ лани во ноември. Сега секоја болница има свој протокол. Д-р Докиќ вели дека смртноста во нивниот ковид центар е 25%, тогаш смртноста кај другите кој знае колкава е за да се дојде до 50%. Матичните лекари треба да престанат да даваат антибиотици со причина да не се спуштело на бели дробови. Мора да има образложение за примена на лек, а лекови на своја рака треба да се платат приватно и одговорноста е кај пациентот.

-Лекарската комора молчи, има уште инфектолози кои препишуваат антибиотик веднаш штом ќе дојде пациент. Исто е и со вакцинирање на прележани. Се даваат двојни токсични дози антибиотик. На 40.000 пациенти им дале 70.000 дози, а имало само 20.000 случаи. Ако за сето ова молчат стручните здруженија не ни се пишува добро.

-Се работи за огромна финансиска штета. Не морате прележани да ги терате да се вакцинираат по 45 дена.

-Целта со кандидатурата ми беше да ги смирам двете партии. Бев кандидат на ЛДП-ДОМ, но се преценивме и добивме само двајца советници на град Скопје. Гласовите отидоа кај независните, а голем број и не излегоа на гласање. Јас сакав да се најде третиот пат. Во вториот круг не очекувам поголема излезност.

Советот е многу шаренолик и е составен од луѓе кои имаат професионални кариери, дали тоа носи можност за балансиран пристап.

-Не прашувам партија што да правам, ќе правам тоа што мислам. Тоа е совет за долговечност.

Од каде мерак кај лекари да се активираат политички.

-Јас лично догодина одам во пензија. Ќе имам време. Партиите ги викаат лекарите. Прават анкети и потоа ги канат. Не дека инсистираат самите доктори.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twenty − 13 =