Д-р Пановски: Колективен имунитет е делумно создаден – да издржиме овие два месеци и да ја дочекаме пролетта со ниски бројки

You must need to login..!

Опис

Да се надеваме дека бројките нема да растат. Колективен имунитет е делумно создаден кај одредени групи на популацијата или во одредени населени места кај што најмногу се ширеше, изјави во Утрински брифинг проф. Д-р Никола Пановски, но и предупредува дека се уште ништо не е завршено.

-Мерките не треба многу да се олабавуваат. Од 15 декември почна падот. Сега сме блиску како и пред да почне вториот бран. Бројот се уште е голем и таа бројка може брзо и да се качи – нешто слично како и пред вториот бран.

Новиот сој на вирусот е тука и прашање на време кога ќе се открие и колку брзо ќе се прошири. Што подоцна тоа подобро. 50-70% е попренослив и затоа е важно и вакцината да дојде побрзо, смета д-р Пановски и додава дека за британскиот сој со голема веројатност вакцината и сегашниот имунитет штитат, а докажано е дека и тој и јужноафриканската мутација побрзо се шират.

Масовното пренесување е во затворените простории, надвор е е сосема друго. Ако е како вчера, со ветер, тој не може да се прошири. Затоа треба да издржиме да дојде до пролет и сосема по друго ќе биде. Мислам дека треба сите да се стрпат и овие два месеци треба да се издржат и да ја дочекаме пролетта со ниски бројки, вели д-р Пановски.

За тоа дали се потфрли со вакцинацијата, требаше ли да се остави на веледрогериите да ги набавуваат вакцините погледнете во видеото од разговорот со проф. д-р Никола Пановски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × three =