Д-р Мојсова Мијовска: Трансплантацијата е врвот на здравствениот систем, донирањето на органи пак е врвот на хуманоста

You must need to login..!

Опис

На 23 мај 2020 година за прв пат во земјава успешно беше извршена првата трансплантација на срце. Вчера по шести пат пациент доби втора шанса за живот.

Успешно заврши трансплантација на срце од донор кај 53 годишен пациент кој претходно имал тешка срцева аномалија.

Дваесет годишна пациентка пак, по повеќегодишна дијализа доби бубрег на Клиниката за урологија.

Донор е млада пациентка кај која била констатирана мозочна смрт, а семејството по консултации со лекарите се одлучи на овој хуман гест, да ги донира органите и со тоа да спасат нечиј човечки живот.

На оваа тема во Утрински брифинг разговаравме со националниот координатор за трансплантација Д-р Маја Мојсова Мијовска.

-Двата пациенти се во стабилна здравствена состојба. Се работи за сложени интервенции кои што побаруваат експертизи од повеќе гранки. Задоволни сме од исходот и сме задоволни со постоперативниот тек на пациентите, вели Д-р Маја Мојсова Мијовска.

-Се за се се заврши за шест до седум часа. Некогаш и по 36 часа поминуваме во болница за овој процес да биде успешно завршен.

-Оваа година од мај месец до сега имаме шест трансплантации на срце, 16 трансплантации на бубрези од починат донор и пет трансплантации на коскено ткиво, што сметаме дека воопшто не е малку во однос на трансплантацијата. Трансплантацијата е врвот на здравствениот систем , односно показател како се развива еден здравствен систем. Тоа е врвот на медицината воопшто во светот.

-Во процесот беа вклучени околу седумдесетина здравствени работници.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 × 2 =