Д-р Митов: Човечкото тело се детоксифицира секојдневно – системот не издржува поголемо собирање на токсини, ако тоа се случи тоа е знак за болест

You must need to login..!

Опис

-Јануари е месец на гужва, решавење да се направат промени, после изборен период ова е нешто што вака интензивно се случува. Нашето тело се детоксицира на дневна основа. Создадена е некоја инпресија е дека може да се насоберат токсини кои потоа со некаков пристап може да се прочистат. Нашето тело постојано работи да ги отстрани токсините. Научна основа дека со некаков третман со исхраната нема. Со самото променување на начинот на исхраната ќе му дадеме шанса на телото да се одмори од голем внес на калории но тоа значи дека по период на претерување малку сме релаксирале но тоа не значи дека сме се детоксицирале.

-Расолницата од многу аспекти е извонредно здрава со еден недостаток, солта. Најважен е напливот на пробиотици кои ги содржи, но таа не се препорачува за пациенто со покачен крвен притисок.

-Најважно е барем водата да ја доведеме до внес од нешто над 1 литар над ден, таа најмногу го подобрува процесот на детоксификација. Проблемот е што уште во детството го потиснуваме оваа потреба и доколку човек се истренира да го намалиме внесот потоа многу лесно се губи таа навика за пиење вода.

-Чајот може да биде замена за вода дури и имаат додадена вредност но да се избегнува засладување.

-Зелката е извонредно добар детоксификатор. Тоа е поради нејзиниот состав кој ги неутрализира токсините во телото. Ваков состав има и брокулата и прокељот но зелката е број еден, вели за Утрински Брифинг Д-р Александар Митов.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

12 − four =