Д-р Митов: Хипертензијата е една од водечките причини за смртност

You must need to login..!

Опис

-За жал хипертензијата често се става некаде на страна како редовно присутна. Ќе си земеш апчиња и немаш галје, но е една од водечките причини за смртност.

-Хипертензијата е покачен крвен притисок, а тоа значи се што е над нормалното 120 со 80 се смета за покачен притисок. Постои и случај кај што се прави медицински компромис, но тоа носи поголем ризик.

-Хипертензијата не е врзана со возраста, тоа е одраз на акумулација на одредени здравствени проблеми кои предизвикале покачување на притисокот.

-Тој настанува како последица на неколку причини. Една од нив е окрутнувањето на крвните садови како последица на неправилна исхрана и пушењето на цигари.

-Кога ќе се вклучи нервниот систем поради нервоза, тој ги стега крвните садови и но тоа е моментален притисок и не е хипертензија..

Кога зборуваме за крвниот притисок тој мора да се сфати сериозно, во Македонија не се сваќа сериозно. Неговите последици не се видливи веднаш ќе се видат по години, а човечката психа реагира на принцип ако веднаш не се појават последици не се реагира веднаш.

-Солта е еден од првите причинители во покачувањето на крвниот притисок. Не можеме да живееме без сол, бидејќи ни е неопходен јод, но тоа да не е над 5 грама. Малку сол сепак е секогаш подобро од повеќе сол. На запад извонредно многу се внимава дури и врз индустријата да внимава колку сол става во прехранбените производи.

-Државава треба да едуцира, оти во оваа област едукацијата е најважна. Тука требаат многу кампањи, вели за Утрински брифинг Д-р. Александар Митов.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

fourteen + 17 =