Д-р Митов: Спиењето и добриот сон во улогата на подобрување на здравјето е потценето

You must need to login..!

Опис

-За жал се чини дека спиењето и добриот сон во улогата на подобрување на здравјето е потценето. Кратењето на сонот има сериозни последици врз здравјето. Тое се и краткорочни и долгорочни. Подолгорочните последици се поврзуваат со намалување на имунитетот деменција и многу други состојби.

-Се испостави дека токму неспиењето е во врвот на факторите за деменција. Научните студии неспиењето со деменцијата го поврзуваат во позрела возраст четириесетите – педесетите години. Кај нас многумина успеваат да се издресираат себе и да се навикнат на малку сон. Но она што всушност се случило одат подоцна да спијат и наутро ги буди аларм, и бидејќи телото подолг временски интервал е изложено на ваква состојба се добива впечаток дека навистина сме наспани но не е така.

Во однос на имунитетот има повеќе истражување станува збор на врската на имунитетот со хормонот за спиење – мелатонинот. Тој почнува да расте кога ќе ја снема денската светлина, но морам да напоменам дека и мобилните телефони зрачат таква светлина а тоа прави забуна во организмот.

Првото наједноставно појаснување за поврзаноста на неспиењето со дебелината е тоа што подолго време сме будни а тоа ќе значи и дека повеќе ќе јадеме но има врска и со лачењето на хормоните односно дисбаланс кој пак ни прави чувство на глад, вели за Утрински брифинг Д-р Александар Митов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

three × five =