Д-р Митов со порака: Граѓанинот е најважен сојузник на здравствениот систем – Преку социјалните медиуми се направи атмосфера на линч, кланица

You must need to login..!

Опис

За жал знаеме многу малку за Коронавирусот. Ова е седми по ред. И без да мутира, овој е досега непознат вирус. Има значителна дискрепанца и големи разлики на смртноста во земјите. Тоа ги збунува научниците. Се смета дека првата разлика е дека бројот на тестирања е тој кој што ја дава реалната слика.

Логично е дека ако не го барате вирусот со тој тест што е направен за него вие вирусот не може да го најдете. Не дека масовното тестирање има некоја директна колерација со исходот, но фактите се тие. Германија ревносно тестира. Здравството таму е најдоброто во светот, но не може многу лошо да кажеме здравството во Италија. Ломбардија е богат регион кој што има добар здравствен систем.

Д-р Митов: Луѓе мијте ги рацете!

Тука се отвараат две прашања – во северна Италија голем процент е над 60 годишна возраст. Значи има концентрација на старо население концентрирано во еден регион, изјави за Утрински брифинг Д-р Александар Митов.

Според Митов културниот аспект е исто така значаен фактор во ширењето на вирусот.

Од културен аспект и аспект на однесување, токму таа нивна близина, живеење во големи семејства, каде луѓето при поздравување се бакнуваат е еден од факторите на пробивот на КОВИД-19.

Исто така Северна Италија е бизнс центар. Луѓе од Кина, многу веројатно е дека го имаат пренесено во оваа земја, вели Д-р Митов.

Ниеден друг случај толку силно како оваа пандемија не ја истакна важноста на здравствената едукација.

Оваа болест, како и милион други болести зависат директно од навиките и однесувањето. Но навиките и однесувањето се основани на нешто пред тоа – здравствената едукација.

На социјалните мрежи се створи една тензија – имаме атмосфера на линч, на кланица

Здравствената едукација основата на таа пирамида која што води кон контрола на нападот на здравствените системи. Нема поголем и поважен сојузник на здравствениот систем од граѓанинот, додава Митов.

Тензијата која што се равива во нашето општество во многу е стимулирана од социјалните медиуми. Се створи една атмосфера на линч, на кланица. Се бараат имиња, адреси. Но мора луѓето да сфатат дека се работи за болест, изјави за Утрински брифинг Д-р Митов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

6 + five =