Д-р Митов: Се гледа светлото на крајот од тунелот – добро е што се слуша Комисијата за заразни болести

You must need to login..!

Опис

-Светлото на крајот од тунелот се гледа. Во цел свет е јасно дека доаѓа до успорување на бројките, драматично помали од предвидените. Фамозниот аргумент дека грипот повеќе прави штета од КОВИД-19 е надминат. Муабетот дека ова е појака форма на грип дефинитивно отпадна, изјави во Утрински брифинг, Д-р Александар Митов.

-Држам до моделот што англискиот Институт за јавно здравје го објави а тоа е дека оваа криза ќе биде со нас најмалку до следната пролет. Дали во континуитет или во бранови, ќе видиме. Сите претпоставки се основаат на тоа колкав дел од населението има поминато низ заразата. Затоа Словенија од вчера прави тестирање колку од населението го има прележано до сега вирусот, вели Д-р Митов.

Околу тоа кои ќе бидат првичните последици врз Здравствениот систем во Македонија, Д-р Митов смета дека сега треба да се соберат сите сили и на персонално и на системско ниво.

-Многу недостатоци се сведуваат на менаџирање на криза. Се виде дедка кога се сака и кога се знае се може. Цело време тврдам дека и ќе повторам дека најголемиот дел зошто ние вака проаѓаме низ оваа криза е затоа што се слуша Комисијата за заразни болести. Ако влеземе во претпоставки и одлуките се носат во повеќе на политичка отколу стручна база грешките ќе бидат поголеми.

-Ќе има неколку драматични промени. Сега листите на чекање експоненционално растат. Тие сега експлодираат. Операциите се ставени на чекање. И сега на таа листа треба да се одговори. Колегите од другите земји уште сега планираат дел од тие капацитети да работат и во неработни денови за да се намали застојот. Во следните месеци ќе мора на секој пациент да му пристапуваме како потенцијално болен, со цел тие пациенти да не исфрлат здравствен работник надвор од игра неколку недели. Ова бара во секоја болница и институција да има посебни влезови – чист и суспектен. Ќе има многу работа да се спроведе се ова.

-Едни од причините за смртноста на пациентите се болничките инфекции. Сега мислам дека сето ова ќе има влијание сега. Во голем дел имавме проблем со интрахоспиталните инфекции во голем дел зошто немаше доволно миење раце од медицинскиот персонал. Во интерни анализи беше утврдено дека тоа е присутно. Сега веќе навиките на миење раце нема да не напуштат. И да се надеваме дека тоа ќе остане така, вели Митов.

Здравствените системи се трудат да бидат ефикасни. Од таа гледна точка некој сега ќе рече дека фалат респиратори. Ако било кој од пред една година земеше да набавува 100 респиратори одма ќе се ставеше на суд дека ја злоупотребува службената должност. Со ова сакам да ја објаснам динамиката на работа на Здравствените системи, изјави Д-р Митов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 + eighteen =