Д-р Митов: Рефлекторите ги свртивме кон здравјето – Мислам дека здравствената култура се дигна на повисоко ниво

You must need to login..!

Опис

Дојде до поистоветување на пролонгирата состојба на пандемијата со самите лекари. И порано кај нас кон медицинската професија има амбивалентни ставови и довербата се враќа само со ригорозни акции. Од друга страна и лекарите го чувствуваат тој удар на дел од јавноста и тоа пополнително ги деморализира. Мислам дека е голема грешка што се случи силна поларизација. – лекари кои преку социјални мрежу се конфронтираа меѓусебе, изјави во Утрински брифинг Д-р Александар Митов.

Говорејќи за здравствената култура и дали за време на пандемијата нешто се промени, Д-р Митов вели дека драматично е зголемен бројот на луѓе кои доаѓаат сосема здрави, но велат дека сакаат да променат нешто на подобро.

Мислам дека тоа силно се должи бидејќи рефлекторите ги свртивме кон здравјето. Мислам дека здравствената култура се дигна на повисоко ниво.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 + 10 =