Д-р Митов: Пандемијата привршува, ајде да ги вратиме работите како што треба!

You must need to login..!

Опис

За постпандемискиот период не се зборува јасно и мислам дека приоритетите на министерството треба да се насочени во тој правец. И наместо министерот да тера класична пандемиска агенда, мое убедување е дека сега треба да се гледа динамички а не статички односно што сега треба да се направи.

Имавме ли доволно резерви во здравството кога влеговме во кризата. Системот за здравство кај нас буквално влегува од година во година. Тоа што треба да се смени е таа навика да се купува за година или половина година. Потребно е создавање на одредени резерви.

Системот кој се спроведува од пред десетина години е понеефикасен сега има поголем број тендерски набавки и постапките траат подолго.

Јас не сум видел дека некој се занимава со последиците од корона вирусот и препознавање на случаите кои имаат последици од негово прележување, вели за Утрински брифинг Д-р Александар Митов.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

9 − 6 =