Д-р Митов: Оној општествен лидер кој што ниту еднаш не повикал на носење маска и следење мерки нема право да критикува

You must need to login..!

Опис

Очигледно дека технологијата постоела и постоеше. Во медицината кога се работи за разработка на лекови, вакцини е нормално што има степен на претпазливост. Е сега таа претпазливост моравме да ја скратиме од разбирливи причини. Но сепак се пројдени трите фази на испитување. За изненадување е тоа што на светската јавност погледите и беа свртени кон оксфордската вакцина, но се случи тоа да биде Фајзер и според коментарите од стручната фела надежта е огромна и се чини дека е најден начинот со кој што ќе се стави крај на оваа пандемија, изјави во Утрински брифинг Д-р Александар Митов, говорејќи за скратените рокови на пронаоѓање на вакцината за ковид-19.

-Најголемиот бран е пред нас. Ќе беше добро барем вакцината да дојдеше три месеци порано. За земја како Македонија претпоставувам дека ќе испадне дека вакцината ќе дојде после најголемиот бран. Не дека потоа нема да имаме корист, но голем дел од македонската популација за жал ако не се случио наешто како карантин или полициски час ние ќе имаме огромен дел од популацијата која до Нова година ќе го пројдеме вирусот со сета штета по здравствениот систем итн, изјави д-р Митов додавајќи дека дека населението треба поинтензивно да се држи до препораките или да се избегнува ризикот од славите кои што се совршен начин за ширење на вирусот.

Целиот разговор со Д-р Александар Митов погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fifteen + 8 =