Д-р Митов: Многу веројатно е дека имаме поголем број на инфицирани од она што е утврдено – пред се заради лесните симптоми кај помладата популација

You must need to login..!

Опис

Мега студијата опфаќа четири гранки. Тоа се лекови кои што во Кина и Италија дале надеж дека не сме оставени без оружје во борбата со Коронавирусот. Иако се уште ставот е дека нема терапија, вакцина. Но протоколите вклучуваат одредени лекови и се покажув адека има ефект. Значи не е дека сме оставени само на нашиот имунитет. Очигледно е дека има резултати, изјави за Утрински брифинг, Д-р Александар Митов.

Нормално е луѓето да бидат исплашени кога гледаат што се случува низ светот и да сакаат да купат некој лек. Државата најде начин тоа да го регулира. Рецепти, ставање под контрола, носење на резервите таму каде што им е местото.

Нема сега што да велиме дека азитромицинот или хлоракините немаат ефект. Факт е дека имаат. Тоа го кажуваат официјалните протоколи.

Ако го земете кинескиот протокол вие ќе го видите ова. Ова не излезе од некој жолт печат, туку од научна студија од Марсеј, Франција. Самата мега студија од ОН односно од СЗО се фокусира на хлоракинот. Тоа што не е во ред е пациентите самостојно да се лекуваат и дозираат. панично купување лекови, земање на своја рака, вршење притисок на медицинскиот кадар да препише одреден лек.

Она што може да ги смири луѓето е надлежните да излезат и да кажат – го имаме овој лек во доволни количини, го има во резерво во клиники и веќе го даваме на пациенти. И тогаш луѓето ќе се опуштат, вели Митов.

Профилактичка употреба на овие лекови не е препорачана, иако има хипотеза за тоа. Морам да кажам дека ни од далеку не се препорачува луѓето да ги земаат овие лекови на своја рака, секој ден, за да спречат да го фатат вирусот. Тоа никако не треба да се прави.

Се шири спектарот на симптоми. Интересно е дека се појави научна студија која што укажува на повеќе дигестивни симптоми. Може и пролив и повраќање, покрај покачена температура и сува кашлица, да укажува дека е приутен вирусот, дури и губењето на чувството за мирис се јавува во некои случаи.

Кај нас ќе се каже дека имаме 130 случаи. Но треба убаво да се изразиме. Тоа се 130 утврдени случаи! Можеби има стотици, а можеби и илјадници. Не знаеме, прилично веројатно е дека оди накај илјадници. Пред се заради лесните симптоми кај помладата популација, изјави за Утрински брифинг, Д-р Александар Митов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eight − six =