Д-р Митов: Лекувањето е како џез музика, ритамот е протоколот, а мелодијата е односот доктор пациент, тука до израз доаѓа уметноста на лекарот

You must need to login..!

Опис

Денешна тема се протоколите во третирањето на заболувањата. Протокол е малку потесен термин. Тие се важни затоа што го трасираат патот на пациентот од дијагнозата, третманот до конечни резултати.

Протоколот треба да даде прецизен пат по кој ќе се одвива лечењето… Ако порано беше дека лекарот може да лекува поради искуство, сето тоа во современата медиција се сведува на докази и тука најмалку значење има мислењето на експертите.

Лекувањето е како џез музика, ритамот е протоколот, а мелодијата е односот доктор пациент, тука до израз доаѓа уметноста на лекарот. Се постави една теза дека протоколот е шаблон, шаблонизирањето е погрешно, а тоа всушност гаранција за квалитетот, гаранција дека процесдурата која што се прави ќе биде добра.

Токму крутоста на протоколите утре може да го повика на одговорност докторот доколку не го следел овој пат… Во однос на ковид третманот комората вели дека нема протоколи, Министерството вели дека има..Искрено се обидов да го најдам на нивната страна каде и всушност треба да биде достапен до сите граѓани но не успеав да го најдам… И искрено тука мислам дека Хрватска направи најдобро.

Министерот на Хрватска свика една група експерти и таа група пропиша документт кој беше објавен во службен весник и тука се стави крај на приказната… Протоколите се од суштинско значење.
Сметам дека не е касно тоа да се направи и кај нас бидејќи има насушна потреба од ваков документ, вели за УБ Д-р Александар Митов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

9 − eight =