Д-р Митов: Колективниот имунитет како сценарио со кое ќе заврши кризата – ако успеете да извадите од движење суперпреносител тогаш сте завршиле голема работа

You must need to login..!

Опис

Состојбата која што трае неколку недели е онаа што кај некои луѓе предизвикува развивање на нетрпение, кај други навика. Прашање е кој како ќе одговори на ова. Интересно е што кажуваат светските модели и очекувањата во кој правец ќе се движи оваа состојба. Има нешто интересно кое постои низ светот, но како да не беше прифатено од јавноста.

На почетокот цела дискусија во Велика Британија започна со т.н колективен имунитет. Излезе Џонсон и најави дека нивната стратегија ќе биде развивање на колективен имунитет. На крајот и тие се повлекоа. Но од научна гледна точка, во оваа фаза на проширување на вирусот, практично не е можно повлекување од таа стратегија. Сега единственото што останува е да се развие колективниот имунитет и тоа е според сите предвидувања единственото сценарио со која оваа криза ќе заврши, изјави за Утрински брифинг Д-р Александар Митов.

Другите две сценари, откривање на лек и вакцина се чини дека се минимум неколку месеци далеку од нас. Затоа сега се воспоставува дека колективниот имунитет е единственот нешто на кое што може да се надеваме, при што информацијата да се презентира на невознемирувачки начин, значи луѓето да бидат подготвени дека постои голема веројатност да се стекнат и прележат вирусот. Така што исправени сме пред сценариото за развивање на колективниот имунитет. Прашањето е дали кога и колку ќе можеме да ја развлечеме кривата на разболување, но и во основа дури и кога се предвидува релаксирање на мерките, пак се става на маса дека доколку тоа се прави пак ќе стапи на сцена залетот на вирусот, вели Д-р Митов.

Значењето и феноменот на суперпреносителот на вирусот е дали истиот може далеку повеќе да го пренесува вирусот од оние кои што веќе го имаат. Многу интересен е примерот на Јужна Кореја со МЕРС, каде што властите успеаја да откријат тројца суперпреносители.

Се што се пренесе таму тие го сведоа на тројца луѓе. Имаме примери каде што на спортски настани, се збори за Италија конкретно, некои личности на спортски натпревар, и на отворен простор го пренеле вирусот на огромен број на луѓе околу себе. Значи прашањето за суперпреносителот е отворено и е на маса и тука најмногу има смисла следењто на контактите. Ако вие успеете да извадите од движење еден суперпреносител тогаш вие сте завршиле голема работа, вели Митов.

Околу прашањето дали постои разлика со дозата од вирус со кои евентуално би биле заразени и дали тоа би имало ефект врз нас, Д-р Митов вели дека тоа е едно од актулените прашања за кое се дебатира.

-Вирусот ќе го претставам како отров. Супстанца од отров. Дали некој ќе земе мала доза на почетокот или поголема доза, отприлика тука некаде е еразликата во објаснувањето дали, колку и какви симптоми ќе развие. Така што се претпоставува дека таа ниска доза ќе доведе до асимптоматска состојба, значи полесно да помине човекот, но од друга страна луѓе кои биле изложени на член од семејството кој драматично пренесува, тогаш за жал има една многу подраматична клиничка слика.

Суштината на вакцините е таа. Да го изложиме имуниот систем на сосема мала, контролирана и по можност ослабена количина на инфектот кој го пренесуваме. Тоа е логиката, додаде Д-р Митов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

six + eleven =