Д-р Митов: Клубот – витални пензионери опфаќа и социјален и здравствен сегмент

You must need to login..!

Опис

-Станува збор за една онлајн заедница но чекаме короната да помине да почнеме да се дружиме. Тоа не е нешто ново има такви и во Америка и се става акцент на пешачењето како дел од активностите за здрав живот и слабеење. Групата е наречена „Клуб за витални пензионери“ и во него членуваат над 2.000 пензионери…

-Планот, откако ќе помине пандемијата е оваа бројка да надмине 10 илјади. Целата оваа работа покрај здравствената има една многу убава социјална димензија.

-Во нашата група вчера имаше над 50 објави, денот им е долг се чувтсвуваат осамено бидејќи денот е долг па имаат потреба од вакви дружења. Добро е тоа што некој од нив следејќи ги насоките успеаа и да симнат и до 27 килограми од својата тежина. Покрај социјалната дименција имаме опипливо подобрување на здравствената состојба кај пензионерите членови на клубот, а тоа всушност значи и охрабрување и на другите да се обидат. Дел од нив дури и ги натеравме да почнат почесто да пешачат што пак секако добро влијае врз нивното здравје.

-Јас бидејќи многу внимателно ја следам групата гледам сега како повозрасните групи полека почнува да расте, односно се зголемува бројот на лицата од оваа популација имаат пристапот до фејсбук.

-Главната цел е да помогнеме во подигање на свеста за промена на навиките и промовирање на здрав начин на живот.

-Јас сум многу позитивно изненаден од позитивниот одговор на моите колеги бидејќи овој тип на медецина полека почнува да си го зазема своето место. Ваков начин на медецина до сега се применуваше само во Австралија и Америка…

-Се смета дека општо во иднина лекарите ќе бидат поделени на превентивни и куративни. Овој вториот дел ќе бидат оние кои ќе ги советиваат со превентивни разговори да го променат начинот на пристап кон третирање на одредени заболувања и со промена во пристапот кон исхраната и физичката активност, вели за Утрински брифинг Д-р. Александар Митов.

Целиот разговор погледенте го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

twelve + 2 =