Д-р Митов: Како поединци немаме капацитет да замислиме катастрофални сценарија- време е да се „разбудиме“

You must need to login..!

Опис

Кај нас од почеток се воведоа мерки. Тука сме конзистентни. Правецот е тој. Во САД според математичките модели велат дека ако продолжи вака во средината од мај ќе се дојде до бројката 100.000.000 заразени.

Тоа ги разбуди сите. Како поединци немаме капацитет да замислиме вакви катастрофални сценарија. Јас жалам што користам вакви термини, но очигледно веќе дојде време да се користат. Писмото на италијанските лекари, кажуваат дека се изненадени што се случи во десет дена.

На 2,4 дена бројот на заразени се дуплира. Тоа е страшно. Земјите кои што успеаја да ја израмнат кривата се земјите од југо-источна Азија. Тие активно излегуваат на терен и ја бараат болеста. Поставуваат пунктови, секој што ќе покаже малку температура го праќаат во клиника.

Доколку го примениме кинескиот систем, јас мислам дека ќе најдеме повеќе случаи, изјави д-р Александар Митов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

6 + 10 =