Д-р Митов: Имунофункцијата на витаминот Д е на прво место

You must need to login..!

Опис

Порано ниту постоеше свест дека сонцето може да биде штетно но исто така не беше потенцирано ниту значењето на витаминот Д. Имуно функцијата на овој витамин е број еден и тој се создава со директно изложување на сонце.

10 – 30 минути 2 до три дена некаде околу средината на денот се сосема доволни. Но доколку е подолго има голем ризик влијанието да биде штетно. Времето на изложување зависи и од тенот, лицата со посветла кожа побрзо ќе создадат витамин Д отколку лицата со потемна кожа. Дури и според последните истражувања и во летниот периот голем дел од популацијата се соочува со недостаток на витамин Д, особено во периодот март – април.

Единственото решение се некакви суплементи. Доколку некој точно сака да биде сигурен треба да го измери во крвта нивото на присуство. Последниве години се испостави дека витаминот Д е извонредно важен бидејќи сега неговото отсуство се поврзува и со голем број малигни заболувања вели за УБ Д-р. Александар Митов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

fifteen + 5 =