Д-р Митов: Во Македонија ќе има големи бројки, имаме случаи кои не се детектирани – вирусот не гледа и се смее

You must need to login..!

Опис

Она што ги загрижува научниците во Италија е што се уште не можат да ги видат резултатите од карантинот. Смртноста е запрепастувачка. Претпоставките се дека иницијално толку многу се проширил вирусот што сега е тешко да се контролира.

Во прашање се економии на цели земји. Обраќањето на Меркел е прво вонредно во последните 15 години. Обраќањето беше на ниво на Светска војна.

Во последниве 24 часа имаме информции кои имаат капацитет да бидат најава за пресвртница. Италија објави анализа на моменталната смртност – таму се вели дека 99 осто од случаите се само кај пациенти кои што имале една, втора или трета болест.

Е сега не знам колку е етички да се шири оваа информација, бидејќи кај младите може да предизвика сигурност и како преносители на вирусот тоа е многу лошо за останатите.

Јас сум загрижен бидејќи може да ги поткопа нашите апели за да се седи дома.

Исто така Французите објавија студија правена во Марсеј, која што укажува дека со лекови достапни, пред се антималариците, се постигнуваа речиси до 100% излеченост на вирусот.

Ова експлодира во научниот свет. Но сепак нема подобар лек, бидејќи се уште нема здравствен систем кој во целост може да одговори, од тоа да се седи дома и да се избегнуваат контакти. Затоа апелирам се да се сведе на минимум, изјави Д-р Александар Митов.

Во Македонија ќе има големи бројки. Имаме случаи кои не се детектирани, а истите луѓе шетаат. Тоа ја влошува драматично ситуацијата. Кога ние ќе почнеме нагло да бараме, ќе почнеме нагло да ги наоѓаме, изјави Д-р Александар Митов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

sixteen − seven =