Д-р Митов: Здравствените работници се први на удар – одлично се држиме, мерките на Владата даваат резултат

You must need to login..!

Опис

Успешноста на Германците во здравствениот систем се огледа во контролирањето на смртноста. Се смета дека многу добро постапија во делот на интензивната нега. Некогаш ако треба и порано го ставаат пациентот на вентилатори со цел целата болест да има подобар тек. Тука мора да се спомне и генералната дисциплина на населението, изјави за Утрински брифинг Д-р Александар Митов.

Бројот на лаборатории во Германија е огромен. Тие практично се ангажираат и се ставаат во погон. Дисциплината и нивната стручност се носители на квалитетот на здравствениот систем. Најмногу е инвестирано во кадарот. Имаат промислена здравствена стратегија во однос на вирусот, и не тргнаа по принципите кои што се обидоа да ги наметнат Велика Британија и Шведска.

Од старт ја сватија сериозно работатата и го немаше тој иницијален момент на релаксираност кој што доведе во одредени земји токму таквиот начин на работа да го доведе нивниот здравствен систем практичнои да се разлета на парчиња.
Околу тезата – Тестирај, тестирај, тестирај, Д-р Митов вели дека Здравствениот систем треба да се сфати како еден систем и тестирањето е само еден дел.

-И да ги добиете резултатите од тестирањето прашањето е што ќе правите во следната фаза. Второ е по која доктрина ќе трестирате. Едната е таа – тестирај, тестирај, тестирај, а другата е барање на активните случаи и изолациојата на случаите околу нив. Што и да се одбере треба да се разбере дека имаме здравствен систем кој што има една целина. САД земаа практичен пример – велат немам толку тестови за да тестираме масовно. Поставија приоритети. Тестирањето е во нивна служба кога немате толку многу тестови како што има Германија. Тестирањето не е само удирање на копчето ентер. Тоа бара специјализирани тестови, тимови, инфраструктура.

На фатичката состојба дека во Македонија има две точки на критиките кои доаѓаат од опозицијата а практично се лага – Едната е дека имаме еден од најзаразениот медицински персонал во светот, што не е точно. Тој во мометот е 9,5% , а просекот е над 10%, а во некои земји е и 13,14,15% и втората теза е дека во Македонија малку се тестира, а сепак Македонија во споредба со регионот е најдобра после Словенија, Д-р Митов вели дека мора да се сфати дека здравствениот кадар насекаде во светот е прв на удар и тоа не е чудо.

-Лекарите се тие кои што се први на удар од заразата. Ако сакаме да правиме компаративна анализа на нашата земја со другите земји и колку се заразени здравствените работници – 3.300 медицински лица беа заразени во Кина. 2.500 во Италија. Неколку илјади во Шпанија Доколку одиме во проценти тој се движи меѓу 10 и 15% за овие кризни жаришта. Дури и ако анализираме регион по регион, во Бреша 10-15% од целиот здравствен кадар, е заразен со Корона.

-Околу прашањето на опремата, факт е дека имаме потреба од опрема. Значи зборуваме за комплексна ситуација а и навиките се во прашање. Јас сметам дека треба повеќе да се тестира, но факт е и дека ако се компарираме со други држави по глава на ѓител бројките докажуваат дека имаме тестови кај нас. Значи некој може да ја интерпретира таа бројка како што сака, но бројката е таа, вели Митов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five × 5 =