🎥📞 Д-р Митов: Здравствениот систем претставува еден ланец, а некои негови алки во моментов се под огромен притисок

You must need to login..!

Опис

-Нашиот систем е дизајниран да бидат потребни два негативни брисови. Ако се сеќавате во Србија пред некој ден оздраве 4.000 лица. Затоа јас и често пати предупредувам да пазиме кога се компарираме со околните земји, бидејќи не верувам сосема во искреноста на околните системи за следење на КОВИД-19, изјави Митов.

-Здравствениот систем претставува еден ланец, а некои негови алки во моментов се под огромен притисок. Градската болница 8 Септември, Клиниката за инфективни болести, Итната медицинска помош во Скопје, Институтот за јавно здравје во Скопје и Центарот за јавно здравје во Скопје. Овие институции се под драматичен притисок во континуитет повеќе од три месеци. Остатокот од здравствениот систем донекаде е поштеден. Едно е да се биде во состојба на готовност, но тоа што се случува во наброените претставува огромен притисок.

-Мора да сфатиме дека моменталната состојба е неодржлива. Како да влеговме во еден грч – ајде да ја издржиме ситуацијата, ќе заврши и ќе се вратиме на старо. Ако некој така планираше веднаш треба да ја заборавиме. Мора да почнеме моменталната состојба да ја направиме одржлива. Ова нема да помине брзо, ќе се пролонгира и треба да се адаптираме на еден полу или годишен период, изјави за Утрински брифинг, Д-р Александар Митов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 × 1 =