Д-р Митов за Корона вирусот: Интензивната нега е клучот, пушката, местото каде што ќе се сопнат здравствените системи

You must need to login..!

Опис

Напорот и притисокот кој што вирусот го наметна врз здравствените системи во светот каде се најавува и прогласување на пандемија. Се работи за алгоритам на развојот на вирусот, се работи за нов вирус, населението нема имунитет и затоа брзо се шири. Тоа брзо ширење на вирусот ги доведува на ивицата од фунционалноста здравствените системи.

Гостин во Утрински брифинг беше д-р Александар Митов, експерт за јавно здравје и јавни здравствени системи кој говореше за влијанието на вирусот, ефектот од брзината на ширењето, „цунамито“ на Корона врз светското јавно здравје.

Нашите здравствени системи, вклучувајќи го и италијанскиот и останатите во светот се дизајнирани за 20 и 21 век. Тоа значи дека се дизајнирани за хронични незаразни болести. Цел наш здравствен систем е насочен кон тоа. Ние, а особено западните земји заразните болести сме ги оставиле позади себе. И здравствените системи се градат во тој правец – во болести кои што се предвидливи. Интензивната нега е клучот, пушката, местото каде што ќе се сопнат здравствените системи.

Одеднаш доаѓа нешто за кое што не сме спремни – брзо растечкиот, заразен вирус, и голем процент на луѓе кои што имаат потреба од оваа интензивна нега. Кинезите тоа скоро совршено го решија. Сега доаѓаме до тоа како западните земји, вклучително и Македонија ќе го имаат проблемот – немањето на дисциплината на Кинезите.

Моментот на 10 до 15 проценти од потенцијален замав е драматично голема бројка и нашите системи не се дизајнирани за таква потреба. Немаме толку респиратори, вентилатори да ги ставиме во употреба за да помогнеме на тие луѓе.

И токму тука (итна медицинска нега) е првото тесно грло каде ќе се сопнеме. Секој систем е контролиран од тој неопходен ресурс што е најдефицитарен во моментот. Синџирот пука каде што е најтесната алка. И тогаш е џабе што имаме болници за кардиологија, ендокринологија. Не се бара тоа. Сега системот е стеснет на итната помош, на ургентната помош.

СЗО тука дефинира два главни проблеми. Првиот ќе биде заштитата на персоналт. Не можете да го заштитите персоналот без опрема, а таа опрема е потрошна. Ако не го заштитите персоналот, ќе нема кој да се гриже за најтешко болните и тогаш ситуацијата колабира. Синоќа читав сведоштва на доктори од Италија.

Сега и инфектолози и кардиолози и сите доктори работат со овие заболени, се друго е ставено на мирување. Целата болница е посветена на Корона. Сега лаик ќе праша зошто Кинезите градат нови болници, зарем немаат. Морам да објаснам – во тие болници веќе лежат болни луѓе и ако ставиш еден заболен од Корона меѓу нив ќе направи „пепел“. Затоа и нашата Влада, што е и логично бара нови капацитети.

Второто тесно грло е физичката локација на заболените и опремата која што веќе е дефицитарна во светот. СЗО проценува дека на првата линија на фронтот ќе трбаат 89 милиони маски, 30 милиони облека, , 1.6 милиони наочари, 76 милиони ракавици и 3 милиони од течноста за болнички потреби. Повторувам ова се бројки само за болничките потреби.

Населението „беља“ прави ги троши и тука веќе кризата добива комплексни димензии. И земјите почнаа да воведуваат рестрикции. Франција и Германија според некои извори почнаа да ставаат рестрикции на извозот на овој вид на опрема, вели Д-р Митов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seventeen − seventeen =