Д-р Митов: За жал кај нас министерот има големо влијание и надвор од неговите ингеренции

You must need to login..!

Опис

Системите кои што се добро изградени, САД ќе ги земам како пример, имаат многу мала разлика во однос на тоа кој ја води институцијата, дури и државата. Ние го имавме примерот со Трамп, но институциите се доволно силни, да го издржат тоа кој сака нека да дојде на било која позиција ќе ја пребродат таа криза и ќе одат понатаму и државата ќе издржи, изјави за Утрински брифинг, Д-р Александар Митов.

-Кај нас за жал институциите не се ни од далеку на тој систем изградени и персоналните решенија кај на се поважни отколку во такви системи како што се во САД, Британија, Франција, Германија, каде што самиот систем може да се носи со какво био персонално решение. Тука персоналното решение има многу силно влијание и затоа не е воопшто сеедно.

-Второто што сакам да го кажам е дека министерот кај нас има многу силно влијание во системот. Не само преку неговите ингеренции кои што се лимитирани до самото министерство, но и надвор од неговите ингеренции влијанието е големо. Може да биде многу влијателен во болниците и повеќе отколку што треба, во клиниките, во Фондот за здравствено осигурување, додава Д-р Митов.

Целиот разговор погледенте го видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eighteen − five =