Д-р Митов: Државите и нивните здравствени системи да имаат предвид дека времето на пандемиите не е завршено

You must need to login..!

Опис

Нашиот здравствен систем и системите на сите западни земји не е дизајниран да се соочува со вакви здравствени проблеми – пандемии од ваков калибар. Дизајнирани се за соочување со кардиоваскуларни, малигдни болести, дијабет, што до лани бевме навиканти дека се 99% од работата на нашите здравствен систем. И тоа што ни се случи нам и сите западни здравствени системи на еден начин ни направи шок, бидејќи не фрли во ситуација каква што ја видовме, изјави во Утрински брифинг д-р Александар Митов и додаде дека азиските здравствени системи кои минатите 50 години се соочуваа со кратки појави на вакви горнореспираторни видовме како поподготвени влегоа во борбата со ковид-19.

-Првата лекција е таа – сите здравствени системи треба да имаат предвид дека времето на пандемиите не е завршено, вели д-р Митов.

-Состојбата е следна – пожар се случува во зградата и одговорниот (здравствените власти) вели – сите надвор. Значи експлицитна наредба која не остава простор за убедување, молење…и тоа така функционираше во источните земји кои де факто покажаа многу подобра контрола на пандемијата, смета д-р Митов и додава дека не е доцна малку да се прифати од однесувањето на овие земји, односно да прифатиме да бидеме дел од тој систем на спроведување на мерки. А мерките се јасни – носење маски и држење дистанца.

Кај нас поделбата на медицинските гранки на атрактивни наспроти неатрактивни доведе до ситуација во која што сме. Преку ноќ не може да се создадат епиодемиолог, анастезиолог, инфектолог, професии за кои се потребни минимум 5 години за некој зародиш – доколку сакате специјалист ќе треба 10 години, вели д-р Митов.

Целиот разговор со д-р Александар Митов погледнете го во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eighteen − 1 =