Д-р Митов: Државата треба да создаде услови за здравствениот туризам

You must need to login..!

Опис

-Имаше зародиш на некои активности пред неколку години кога почнаа да се организираат тие работи и ние почнавме со еден дентален туризам и установивме дека тоа може да функционира и на територијата на целата држава. Има простор, дотолку повеќе што некои земји оваа работа многу сериозно си ја има сфатено.

-Во Хрватска пресметале дека преближно 300 милиони годишно заработуваат токму на ваков туризам. Една Германија заработува над 1 милијарда, Турција е таков друг гигант… Ние сме доволно мали и флексибилни да можеме лесно да се прилагодуваме конкретно и за поодделни области.

-Јас сум за државата да ги создава условите, да помага да ја гради инфраструктурата да може тоа да се случи.

-Во времето кога бев советник на Никола Груевски овие теми имаа посебен третман. Сите ресори институции помагаа тоа да се оствари. Посебни владини состаноци имаше токму на овие теми и тоа добро функционираше.

-Мој добронамерен совет е да се подзаборави да се известува на пресови и пр активности поврзани со короната туку сега таа е во залез и треба да се оди понатаму.

-Медицинскиот туризам, велнес туризмот, бањи, движење по планини, тоа се нашите потенцијали и државата сериозно мора да размисли и да ги искористи овие потенцијали, вели за Утрински брифинг Д-р Александар Митов.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

10 + 18 =