Д-р Митов: Граѓаните да внимаваат – не секој Д-р е доктор по медицина, точноста на информациите е од исклучителна важност

You must need to login..!

Опис

Информираноста на граѓаните – никогаш повеќе не е пребарувано за здравствените теми од ова што сега ни се случува – Ковид – 19. Оваа пандемија ја истакна важноста за навремено и точно информирање.

Гостин во Утрински брифинг беше Д-р Александар Митов според кого во овој период се истакна потребата за правење разлика од лажните и точните информации.

-Првото кое го препорачувам е да се провери изворот на информацијата. Сега може да се види разно-разни извори на информации. Тоа е првото нешто што треба да се направи. Второто нешто што е важно дека не самата титула е доказ дека информацијата е точна, вистинска, на место. И кај оние што завршиле некакво образование не значи дека се држат до она што е научно потврдено. Потребен е добар извор, поткрепен од релевантна институција, така што повеќето министерства, институти за јавно здравје се оние кои презентират точни вести. Дури и понекогаш доцнат со информациите се додека не утврдат дека е базирана на науката, вели д-р Митов.

Имаме ситуација каде доктори на науки создаваат конфузија со тоа што намерно ставаат префикс пред името д-р, иако се доктори по науки кои не се од медицината. На ова мора да се внимава. Стручни комори треба да го санкционираат ова. Кога јавно се збори а се бега од она што е медицина базирана на докази никому не е дозволено. На тој начин се загрозува здравјето на граѓаните и не смее да се остава простор секој да се изјаснува како сака, а со тоа да се нанесува штета на населението. Затоа и медицината спаѓа во регулирани професии, бидејќи не може на секој како му текне да се занимава со медицинска информација и доколку не сте едуцирани во областа на јавното здравје, не би требало да се впуштаат во јавен дискурс. Кога ќе се создаде една какафонија и сите да мудруваат како треба а како не треба, кај јавноста се прави една одбивност и се создава впечаток секој да ја избере информацијата што му се допаѓа и тоа води кон нарушување на јавносто здравје, смета д-р лександар Митов.

Целиот разговор со Д-р Александар Митов погледнете го во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 + 8 =