Д-р Митов: Градината значи здрава храна и редовна физичка активност

You must need to login..!

Опис

-Во мојата градина во скопско Нерези има пакшканат, цвекло, краставици, домати. Се трудам што е можно да почнам порано и да фатам до две или три берби. Еве сега го вадам младиот компир, бидејќи тој стаса, а на негово место доаѓа празот.

-Фактички постојано ќе има нешто да се случува. Поставени се тикви, лубеници, салатата секако. Мене ми е ова прва година, учам, така што внимателно влегувам во сето ова, изјави во Утрински брифинг, Д-р Александар Митов.

-Се трудам да не го заборавам и моментот на хербална медицина, бидејќи има голем тип на растенија кај нас кои не се многу познати а се доста лековити. За сега почнав малку со зачините, но оставам простор да го работам наредната година.

-Сакам на шала да кажам дека ова мене ми е теретаната.

Целиот разговор погледнете го во видето

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

2 + 8 =