Д-р Митов: Во Македонија процентот на смртност од кардиоваскуларните болести е 55% – потребна е стратегија за отпочнување на подобрување на јавното здравје

You must need to login..!

Опис

-Во споредба со светот во однос на болестите со срцевите заболувања кај нас процентот на смртност Македонија од година до година има разлика, но се движи над 50 отсто. Тоа значи дека од сите смртни случаи дури 50 проценти се поврзани со кардиоваскуларни заболувања.

-Ако постои приоритет во македонското здравство тоа се кардиоваскуларните заболувања.

-Кога се случува запушување на крвните садови во телото тоа се случува секаде во телото и ќе пукне каде што е најтенко.

-Во причините за ваквата состојба доминантен е начинот на живот но и генетиката.

-Со земјите од соседството сме речиси на исто ниво по однос на ова прашање. Ние сме на несреќното 3 место по однос на пушењето по глава на жител.

-Финска во рок од 30 години ја намалила смртноста за дури 80 проценти и во 60 години биле земја број еден во смртност од срце. И во Полска има такво намалување.

-Студиите кои се направени покажале дека промените на начинот на живеење довеле до вакво огромно подобрување на состојбите во Финска.

-Ние не треба да го пресликаме нивниот начин но барем нешто да прифатиме за да го намалиме ваквиот биланс кај нас, вели за УБ доктор Александар Митов.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

twelve − six =