🎥📞 Д-р Митов: Вирусот брзо се враќа доколку конците се испуштат од рака и препораките не се почитуваат

You must need to login..!

Опис

Имаше очекувања од релевантни експерти дека топлото време би ни помогнало. И тоа не беше лаички став. Но се испостави дека тоа не е така. Пролетта силно е напредната и во сите земји во северната хемисфера имавме зголемен расти и на температурите и на бројката на заболени. СЗО имаше изјава дека минатата недела имаше рекорд на заболени на светско ниво, изјави за Утрински брифинг Д-р Александар Митов.

Сметам дека треба да прифатиме дека многу работи не знаеме, дека многу работи ќе се сменат, и најголемите светските научници се со став дека треба да се биде претпазлив и да видиме што ќе се случи. Во Европа вирусот многу брзо се враќа, доколку конците се испуштат од контрола. За експертите е карактеристично дека при евентуална промена на доказите, би дошло до евентуално менување на ставот. Тие луѓе носат одлуки исклучиво на научни студии од различни земји. Како се следи однесување така и се прават промените.

Она што за јавноста како порака би го пратил е дека сите медицински препораки и начини за лекување периодично се менуваат. Ние имаме и како обврска да ја следиме таа редовна динамика на менување на лекувањето. Тоа не треба никого премногу да го чуди, вели Д-р Митов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eight + nineteen =