Д-р Мехмедовиќ: Да не креваме паника околу Мајмунските сипаници, но треба да бидеме внимателни

You must need to login..!

Опис

-Нема време за паника околу Мајмунските сипаници. Повеќе е информациски афирмирана работата отколку што би требало да биде. Ние стручните лица и Комисијата за заразни болести сме тука да објасниме се што е поврзано со оваа болест, изјави во Утрински брифинг д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.

Според Д-р Мехмедовиќ не е време да се дига паника.

-Во С Македонија сѐ уште не е детектиран случај. Во земјите каде што е детектиран и каде што се смета дека има избивање на зараза, во просек се еден до пет случаи, само неколку земји бројат над 20 случаи. Се на се во цел свет се само 120 случаи и 200 суспектни случаи.

Д-р Мехмедовиќ вели дека она што сега загрижува е што случаите се надвор од ендемските подрачја, со трансмисија од човек на човек.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

10 − 9 =