Д-р. Литовски: Решението не е во попуштање на барањата на Бугарија – признавањето на бугарски корени е исто како да речеме дека сега сме Бугари

You must need to login..!

Опис

Гледаме дека се појавуваат историчари аматери и се прави една општа атмосфера на притисок. Од тоа нема бегање. Тоа е составен дел од нашето општество. Би било подобро кога не би било волку напнато, но ситуацијата е таа каква што е. Но човек мора да седи и да не се возбудува многу за сите глупости што ги слушаме за историски теми. Се изнаслушавме разно-разни глупости и тоа е тоа, изјави во Утрински брифинг д-р Александар Литовски, историчар.

На никому не му е сеедно друг да му ја толкува историјата. Овде кај нас не се работи само за Втора Светска Војна. Бугарија го има сан-стефанскиот сон и секогаш ќе ја тера таа политика. Дури и ние да и попуштиме, по 6 месеци ќе следи нова блокада. Тие имаат геостратешки цени поврзани со санстефанскиот сон. Според тоа, решението не е во попуштање на барањата на Бугарија и тие што ја знаат историјата на бугарската политика ќе го потврдат ова што го говорам, вели Литовски и додава дека крајната цел на бугарската политика е освојување на Македонија.

Национализмот и националните држави се силни. И во Европа е во пораст и она што звучи ЕУ без гранции, во пракса не постои. Официјалната бугарска политика е сосема поинаква и се во филмот на големо-бугарскиот сон. Ако признаеме дека имаме бугарски корени е исто како да речеме дека сега сме Бугари. Историјата е дел од националниот идентитет.

Целиот разговор со д-р Литовски погледнете го во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five − 2 =