Д-р. Кочева во Утрински брифинг: Не ги занемарувајте симптомите на леукемија

You must need to login..!

Опис

Од 35 до 45 деца годишно заболуваат од малигна болест. Најголемиот број од нив имаат акутна леукемија. Оваа болест не може да се спречи и да се превенира таа се случува ненадејно. Започнува со многу неспецифични симптоми и брзо се препознава, изјави проф. д-р. Светлана Кочева, раководител на одделението за леукемија, на Детската клиника Скопје, во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

– Болеста вообичаено започнува со намален апетит, губиток на телесната тежина и промена на располежението на децата. Кај поголем број од децата се јавуваат болки во коските и зголемена телесна температура. Кога болеста ќе се прошири, се појавуваат и специфични симптоми кои докторите ги препознаваат и затоа болеста брзо се дијагностицира, објаснува д-р. Кочева.

Таа нагласува дека акутната лимфобластна леукемија е болест што се лекува.

– Резултатите од последните години покажуваат значителен напредок во лекувањето на болеста. Можеме да кажеме дека повеќе од 90 проценти од децата се излекувани од оваа болест, информира проф. д-р. Кочева.

На детската клиника изминатово деноноќие се прегледани 86 деца, од нив три се хоспитализирани со симптоми на грип, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, др. Весна Мицевска.

– На клиниката во моментов се хоспитализирани 34 деца, и сите се во добра состојба. Грипот го достигнува својот врв и очекуваме дека од наредната недела веќе ќе се намалува вели д-р. Мицевска, и препорачува да се избегнуваат места на кои има голема фрекфенција на луѓе.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

15 + seventeen =