Д-р Исијановски: Процесот на имунизација тече одлично, расте бројот на граѓани кои сакаат да се вакцинираат

You must need to login..!

Опис

Покрај Арената Борис Трајковски, вакцинацијата се одвива и во трите поликлиники, кај што вакцинираме со Астра Зенека, онаа повозрасна полпулација и имаме ревакцинација на 3.000 дози на медицинскиот кадар. За сега имаме одлично искуство, екипите се подготвени. Се тече одлично имаме голема помош од волонтерите на Црвен крст, тука се и дел од Министерството за здравство (МЗ), од Железара Железничар неколку екипи кои учестивуаат во процесот на вакцинација, изјави во Утрински брифинг Виктор Исијановски, директор на Здравствен дом Скопје.

Имаме и мобилна екипа, нејзината задача е да ги посети старечките домови. Одат во вечерните часови. МЗ ни доставуа список каде има пријавени за вакцинација, нашите екипи одат и лицата се вакцинираат, вели Исијановски.

Нема негативни реакции. Оние три четири случаи кои проструија во јавноста беа пред се од возбуда, страв од инекции, исцрпеност. Битно е дека постои една заинтересираност, луѓето сакат да се вакцинираат и мислам дека со доаѓањето на голем број на вакцини во нашата држава ќе постигнеме една солидна имунизација. Верувам дека ќе стигне една добра количина од 200.000 до 300.000 и за кратко време да го имунизираме она население кое што сака, смета Исијановски.

Максимумот на аплицирани дневни вакцини во Арената Борис Трајковски доколку има доволен број на вакцини мислам дека може да дојде до 6.000 – 7.000 илјади, вели Исијановски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 × 2 =