Д-р Зеќири: Да не се брза со вакцинирање на децата

You must need to login..!

Опис

Корона вирусот целосно го промени начинот на живеење на луѓето во целиот свет.

Во земјава од почетокот на пандемијата регистрирани се над 213.000 лица кои го прележале ова вирусно заболување но се претпоставува дека овој број можеби е и многу поголем бидејќи кај голем дел од популацијата, особено кај помладите и здрави лица се претпоставува дека поминал без симптоми.

Со бројот на вакцинирани и интересот за имунизација не можене многу да се пофалиме, и можеме да констатираме дека се уште сме далеку од колективен имунитет.

Вирусот се шири многу брзо, а неговото постојано мутирање ја отежнува борбата но и се зголемува неговата способноста за полесен пренос.

Ковид 19 не познава возрасна граница.

Секако дека покрај возрасните лица од него се засегнати и децата од најмлада возраст. Колкав е ризикот од ова вирусно заболување кај најмладата популација и како да ги заштитиме во Утрински брифинг разговаравме со Д-р Бесник Зеќири директор на детската клиника за белодробни заболувања Козле.

-Во моментов имаме 22 деца хоспитализирани во нашата установа. Има и поголем дел кои се лекувааат амбулантски. Најмаладите се две близначиња од по месец дена. Поголемите се 16-17 години.

-Во принцип се школските деца. Моментално имаме доволно легла. Во моментов имаме околу 40 легла со можност да се направат и 60 легла.

-Протоколот за кај децата не е ист како за возрасните. Младите доаѓаат на навреме лекување, што значи дека родителите се грижат навремено, изјави за Утрински брифинг Д-р Зеќири.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fifteen − 8 =