Д-р Димова: Нуспојави од вакцината има, добрата вест е дека посериозните несакани ефекти се значително ретки

You must need to login..!

Опис

Оваа бројка на вакцини што пристигнаа одговора на бројката на здравствени кои што беа приајвени за примање на вакцината. Ова не е доволна бројка, но мора од некаде да се почне. Количината ќе треба да се дуплира за неколку недели кога ќе треба да се оствари ревакцинацијата, изјави во Утрински брифинг Д-р Александра Димова, специјалист по Ортопедска Хирургија.

Покрај на Фајзер, во очекување сме наскоро да пристигнат и кинеските. Кога ќе се покрие комплетната бројка на здравствени работници, немаме конкретна информација. Јас спаѓам во групата на оние последни од мојата професија што ќе ја примат вакцината, бидејќи немам дидректен контакт со ковид пациентите. Сведоци сме дека покрај помасовната вакцинација која се одвива во соседна Србија, паралелно се случи да се прошири новиот сој на вирусот, така што во некаква трка се они, а секако ќе бидеме и ние со покриеноста на вакцинацијата и со тоа како вирусот ќе зема нови пикови. Се надевам што поскоро ќе се донесе некоја количина на вакцини во поголема бројка, како би се постигнала помасовна вакцинација, вели д-р Димова.

Засега немаме податоци дека вакцините не делуваат на новите соеви, но не се исклучува можноста дека вирусот и понатаму ќе мутира. Друг проблем е временскиот период. Заштитата после вакцинацијата не се случува веднаш. Она што мора и може да се направи е што побргу да се покрие што помасовно населението со вакцинација, смета д-р Димова.

Нуспојави секако дека има – особено оние поблагите, што се случува и со останатите вакцини, а тие се покачена телесна температура, замор, болки во телото и мускулите. Ова се чести реакции, но она што е добрата вест е дека посериозните несакани ефекти се статистички значително ретки, додава д-р Димова.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

19 − 14 =