Д-р Димова: Во целава оваа пандемија имаме епидемија од проблеми со ‘рбетот, вратот, половината – главна причина е седењето и немањето на физичка активност

You must need to login..!

Опис

Скелетниот систем беше загрозен и пред пандемијата затоа што начинот на живот кој што го имаме денеска е многу постатичен – сите сме врзани со компјутери, со седење, но тоа особено изразено стана од почетокот на пандемијата и ограничувањето на движењата. Негативното влијание е присутно кај сите возрасни категории, изјави во Утрински брифинг Д-р Александра Димова, специјалист, ортопед.

Сите страдаат еднакво, но сите страдаат на различни начини. Децата добар ден го поминуваат седејќи дома без ниакква физичка активност. Самиот раст и развој кој што им се случува во тааа возраст страда од немањето на физичка активност. Имаме неколку проблеми – едниот е вишокот на килограми и зголемена телесна тежина, вториот е ортопедски – појава на деформитети кои пред се се однесуват на самиот рбет. Мора да напоменам дека изостанува и носењето на редовните лекарски и систематски прегледи, вели Д-р Димова.

Она што е поприлично забележително во овој период е што во целава оваа пандемија имаме епидемија од проблеми со рбетот и вратот – лумбална болка, дискус хернија, болка во врат, а тоа се должи повторно на седењето и немањето на физичка активност. Тоа се проблеми кое тлееле, но самото долготрајно седење за рбетот е најлошата позиција. Имаме навалица од пациенти кои се жалат на болки во половината, рбетот, вратот, изјави Д-р Димова.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

thirteen + 11 =