Д-р Димова: Вакцина која не е безбедна треба да се модифицира или пак комплетно да се повлече

You must need to login..!

Опис

Секојдневно ги следам извештаите и ревизиите на случаите кај што се појавуваат несакани ефекти кај вакцините и ставот е дека се уште бенефитот од вакцината ги надминува несаканите ефекти, изјави во Утрински брифинг Д-р Александра Димова.

Несаканите појави се појава на тромб, што претставува сериозен момент. Она што е утврдено е дека оваа компликација се јавува кај женската популација на возраст под 55 години. Ова треба да се има во предвид и понатака да се истражува во таа насока. Се ова е ново и се уште е во развој и верувам дека доколку вакцината не е безбедна комплетно ќе се повлече или ќе се модифицира за да нема вакви несакани ефекти, смета Д-р Димова.

Политика секогаш имало, политика и фармација секогаш биле измешани, но се работи за светска пандемија и мислам дека овде се надминува „моментот“ политика. За ковид сертификатот прво се исклучуваа руската и кинеската вакцина, но ете најверојатно и тоа сега ќе се ревидира, вели Д-р Димова.

Она што треба да се нарави пред вакцинирањето е да се види дали во моментот има некаво актуелно случување поврзано со ковид инфекција, да се види колкав број на анти тела се створени како би се увидело дали воопшто во тој момент е погоден за вакцинација. Во однос на можните компликации поврзани со АстраЗенека, луѓе кои имале до сега докажано заболување на крвта, секако не би биле кандидати за таа вакцина, додава Д-р Димова.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two × 2 =