Д-р Виктор Исјановски: Здравствениот дом Скопје се покажа како добра бариера пред клиниките и болниците

You must need to login..!

Опис

Брзите тестови се распределени во шесте пунктови во Скопје. Сето тоа оди преку матичниот лекар, за граѓаните да можат да добијат резултат за петнаесеттина минути. Доколкку тестот е позитивен значи нема потреба од ПЦР тест. Со ваков резултат од тестот истиот ден се добива решение за изолација. Негативниот тест по препорака и од СЗО бара потреба и од ПЦР тест, изјави во Утрински брифинг првиот човек на Здравствен дом Скопје, Д-р Виктор Исјановски.

-Бројките се големи. Гледаме дека и во регионот и во светот е исто. Има една голема распространетост на вирусот. Здравствениот систем добро се држи, а здравствениот дом се покажа како добра бариера спрема Клиничкиот центар и останатите болници и клиники. Засега успеваме да го издржиме приитисокот, вели Исјановски.

-Засега состојбата на територијата на град Скопје со брзата помош е стабилна. Засега имаме доволен број на екипи кои го покриваат работењето. Гледаме со распореди и термини да нема некој застој, рече Исјановски.

-Стапивме во контакт со ЕУ и СЗО. Еден дел од количината на вакцина е обезбеден и за нашата држава кога истата ќе почне да се прераспределува во Европската унија , изјави во Утрински брифинг, Д-р Виктор Исјановски, Здравствен дом Скопје.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

3 × 2 =