Д-р Бухова: Доктор кој е антиваксер и измислува причини зошто не се вакцинира не знае медицина

You must need to login..!

Опис

За сите настани и работа во затворен простор има продоколи и е задолжително носење на заштитни маски. Никој не може и не смее да ги изложува вработените на зараза. Тие протоколи се прецизни, вели за Утрински брифинг д-р Ирина Бухова, директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Беитанија веќе ги симнува маските, а ние опстојуваме на таа одлука.

-Пандемијата е нешто што се менува и препораките се различни. И ние се соочивме со многу црни мерки. Различни се измените со различни земји. На Комисијата за заразни болести многу сериозно се разгледуваат овие прашања и ги следиме трендовите во другите земји. Но, кај нас во моментот има висока заразеност и ниска вакциниранот. Затоа мислам дека, според нашите услови, не можеме да си дозволиме да ги симнеме маските, вели д-р Бухова.

Градоначалникот на Охрид Пецаков најави дека ќе ја тужи д-р Бухова откако реагираше зошто тој како ковид позитивен излегол на Водици меѓу луѓе додека чекал резултати од ковид тестирање.

-Законот за заштита од заразни болести пропишува дека лице кое оди да се тестира на присуство на ковид задолжително до добивање на резултатот треба да биде изолирано дома, вели д-р Бухова.

Д-р Бухова вели дека Комисијата ќе предложи скратување на изолацијата поради природата на омикрон сојот кој е многу позаразен и побрзо се пренесува, а заразноста побргу престанува.

Заразата со омикрон во некои земји има фрапантни размери, а расте и во Македонија. Ако не се појави нов сој, некаде кон средината на годината би требало да дојде до смирување на ситуацијата, вели д-р Бухова. Сѐ зависи од тоа како ќе се одвиваат работите во следните две недели и дали ќе се одржува платото. Но, болниците се оптоваруваат.

-Оптоварено е примарното и секундарното здравство. Но, ако се шири болеста и ако 2 отсто се хоспитализирани ќе се оптоварат и болничките капацитети. Здравствените работници ангажирани во ковид центрите не стасуваат ни да искористат одмор. Некои здравствени работници и по вторпат или третпат имаат реинфекција со ковид, вели д-р Бухова.

Само половина од населението во Македонија е вакцинирано, а 80 отсто од оние кои се хоспитализираат не се вакцинирани.

-Не може доктор и некој што знае медицина да биде антиваксер, но немаме законски начин да го санкционираме тоа, вели д-р Бухова.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two + ten =