Д-р Босилков: Резултатите на независните листи претставуваат тектонски потрес на политичката сцена

You must need to login..!

Опис

Изненадувањата во првиот круг особено со независните советнички листи и вројот на добиени места во општинските совети можеме слободно да го наречеме феномен..

Тоа е и главната вест на овие избори, ако земеме предвид дека СДСМ – ВМРО – ДПМНЕ се дел од ротирачката власт. Тие и пред изборите се перцепираа како едно освежување на политичката сцена, но сега после изборите јас мислам дека станаа тектонски потрес, нешто сосема ново и нешто што никогаш не се случило.

Деновиве прочитав информации дека после СДСМ, ВМРО и ДУИ незавоисните како агрегат имаат најголем број на ниво на целата држава, зборуваме за околу 58,59 листи на ниво на целата држава кои освоија околу 60 илјади гласови.

Во некои општини имаше дури и поголем број кандидати од различни независни листи што е голема понуда за гласачите, тоа е всушност и поентата, мислам дека препознаа и луѓето кои се кандидираа и тие што гласаа дека потребно е нешто различно, дека ова до сега е одење во круг.

За разлика од запад каде партиите и покрај големиот број фрагментации уживаат доверба кај гласаците, меѓутоа овдека се добива впелаток дека политичките партии се создаваат за поколема концентрација на моќ, за остварување на сопствените, а не на граѓанските интереси и сега се бара одредена алтернативна артикулација. Левица е специфичен тип на партија, не сум сигурен колку се задоволни од она што го направија на овие избори, мислам дека очекуваа повеќе меѓутоа аголот кој што левица го има е тоа дека таа е трета опција меѓутоа ова со независните според мене е повеќе од трета опција, вели за УБ Др. Иво Босилков

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ten − 9 =