🎥📞 Д-р Беќаровски: Прес-конференција во Инфективната клиника за народот конечно да сфати дека сме во војна со страшно опасен непредвидлив и невидлив непријател

You must need to login..!

Опис

Ова не е време за политика. Ги повикав сите доктори да застанат зад здравјето на граѓаните. Прес конференција да се оддржи внатре во или пред инфективната клиника за за народот конечно да сфати дека навистина се бориме со невидлив непријател. Државата ни е во еден вид на војна од која што загубите се огромни, изјави за Утрински брифинг Д-р Нико Беќаровски.

-Веќе ја надминавме бројката на починати од конфликтот во 2001 година. Ако тоа не е доволен показател јас не знам што би требало да направиме. Оние кои што тврдат е резултат на пропагандата која штосе врши посебно по социјалните мрежи, каде што за жал има и наши колеги кои што тврдат дека вирусот не постои и дека се работи за обичен грип. Ние здравствените работници веќе сме упорни. Три месеци под полна спрема, 24 часа со скафандер, маска и мантил на нас, веќе не се издржува, вели Беќаровски.

Инаку по растот на заразени од коронавирус во одредени средини, непочитување на заштитните мерки и неверувањето дека постои коронавирусот, токсикологот д-р Нико Беќаровски, упати јавен апел до докторите Османи, Села и Таравари, кои се истовремено и важен политички фактор, да упатат важен апел .

,,Почитувани мои колеги, др.Бујар ОСМАНИ, др.Арбен ТАРАВАРИ и др.Зијадин СЕЛА !!!!

Како политички најекспонирани доктори од албанските партии, најколегијално Ве замолувам уште утре да свикате заедничка прес конференција, на која јавно со Вашиот лекарски и политички легитимитет ќе ги повикате нашите сограѓани од Чаир, Сарај, Арачиново, Липково, Студеничани, Лабуништа итн да се придржуваат кон сите препораки.

Ценети мои колеги, бројките во последниве денови недвосмислено покажаа и докажаа дека бројот на новозаразени е обратно пропорционален со бројот на граѓани кои ги почитуваат мерките.

ВИЕ, почитувани мои колеги, можете, а во ситуацијава и морате, ЗАЕДНО СПЛОТЕНИ, да го упатите тој повик.

Како доктори сме дале заклетва да се грижиме за секој човечки живот, а овие денови наши сограѓани ја губат оваа најважна животна битка.

Секој живот е драгоцен и затоа уште еднаш Ве замолувам, заеднички повикајте на КОЛЕКТИВНА И ИНДИВИДУАЛНА ОДГОВОРНОСТ.

Истиот апел го упатувам и до мојот драг колега др.Игор Гила НИКОЛОВ, да излезе на ЗАЕДНИЧКА прес конференција со др.Венко ФИЛИПЧЕ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × two =