Д-р Балевски: Единствена вакцина во моментов е почитување на мерките за справување со КОВИД-19

You must need to login..!

Опис

-Во охридската болница сите капацитети се исполнети. Одделенијата се преадаптирани. Во од правиме реорганизација, и сме во состојба да примиме 40-45 пациенти, а притоа да оставиме болницата да може да ги лекува и другите пациенти со различни болести, изјави во Утрински брифинг Директорот на ЈЗУ Општа Болница Горан Балевски.

-Акцент е ставен на интерните одделенија и ротација на интернистите кои во случај на пандемија ја преземаат одговорноста на инфектолози. Нема да оставиме ниту еден пациент а при тоа да не му најдеме место во болница доколку е тоа потребно, вели Балевски и додава дека во целата пандемија голем дел од одговорноста ја презема охридската болница.

-За цело ова време болницата немала под 20 пациенти заболени од ковид-19. Но сето тоа успеваме да го изменаџираме. Ротираме со дежурства, и целиот персонал кој што го има болницата е мобилизиран без да се запостават оние пациенти кои не се заболени со ковид-19.

-Немаме заразени доктори и со оглед на фрекфенцијата која помина низ оваа болница не можеме да кажеме дека имаме заболен персонал со коронавирус, изјави Д-р Балевски.

-Охриѓани излегоа доста дисциплинирани. Сите сме уморни, но единствена вакцина во овој момент е почитување на мерките. Се е до нас. Откако почнаа апелите гледам дека луѓето доста се придржуваат. Летово имавме многу малку пациенти од Охрид. Луѓето кои што ги носат овие мерки се луѓе со искуство. Мораме да ги почитуваме ако сакаме да ја победиме оваа пандемија, изјави во Утрински брифинг директорот на ЈЗУ Општа Болница Д-р Горан Балевски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

sixteen + seven =