🎥 📞 Д-р Балевски: Здравствените работници лавовски се борат и одлично се справуваат со КОВИД-19

You must need to login..!

Опис

Д-р Игор Балевски е шеф е на тимот за интервентна кардиологија во Марибор и доктор на медицински науки за Интервентна кардиологија во Словенија, едукатор за интервентна кардиологија на доктори специјализанти од Европска унија.

Во гостувањето во Утрински брифинг Балевски изјави дека Словенија добро минува низ кризата.

-Докторите дотатно се едуцираат и исто како и Македонија ја легнаа линијата на заразени, вели кардиологот Д-р Балевски.

Имаше една студија дека 70% е намален бројот на инфаркти. Генерално луѓето се исплашени од КОВИД-19, но вистина е дека е намален бројот, но морам да кажам и дека многу пациенти кои доаѓаа беа со закаснети инфаркти. Кога бевме во фаза 5 ние ги работевме најитните случаи. Во фаза 4 ги лекувавме и луѓето кои што можеа да почекаат.

Околу импликациите на КОВИД врз срчево заболените, Д-р Балевски вели дека Коронавирусот има влијание, но воглавно е тешка болест на белите дробови.

Најважно е да се слушаат препораките од инфектолозите и да се следат препораките на Владата. Во наредниве најважно е миење раце, носење маска, проветрување на простории и мислам дека Македонија добро се справи со сето тоа. Лавовски се бориме. Во моментов е најважно да се сплотиме и заедно да помагаме, изјави за Утрински брифинг Д-р Балевски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × one =