Д-р Аспазија Софијанова: Детската клиника ќе стане „father“ и „pet friendly“

You must need to login..!

Опис

Детскиот клинички центар не е Ковид центар, но и покрај тоа во болницата се згрижуваат деца кои се позитивни на вирусот, а нивното лекување не може да се одвива во Детската болница Козле. Станува збор за деца со хронични болести, со коморбидитети и за онколошките пациенти.

-Доколку дојде детенце кое е позитивно, а особено имаме имонукомпромитирачки дечиња и дечиња со ретки болести, кои иако ја имаат инфекцијата ќе бидат сместени на Клиниката, но ќе останат изолирани.Ургентниот центар го пренаменивме во т.н. Ковид Центар во кој го правиме приемот додека да го добиеме резултатот од брисот. Потоа одлучуваме конзилијарно. Ако не е наш пациент, односно хроничен, може да оди во Козле, но ако е наш пациент, тогаш размислуваме, конзилијарно се договараме, и најчесто поради специфичноста во лекувањето го задржуваме пациентот, рече директорката на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова.

Со цел поефективно тестирање на дечињата пред Клиниката е поставен шатор во кој се прават брзи тестови. За тоа време децата не се одвојуваат од родителите.

-Идејата е тука да направиме можност за конзилијарни брзи прегледи за да не се шетаат пациентите по болничкиот блок. Инаку, во болницата има доволен капацитет за сместување на болни деца, полн е само половина од капацитетот на детска клиника. Имаме и затворено одделение за да се не се мешаат пациентите. Се трудиме Клиниката да ја одржуваат беспрекорно чиста, вчера целосно ја озониравме Детската клиника за да ги намалиме интрахоспиталните инфекции. Тоа е најбезбеден вид на дезинфицирање, и сега можеме да кажеме со сигурност дека никакви бактерии не можат да го загрозат здравјето на децата.

-Јас сум европски ориентиран човек и верувам дека ќе ја срушиме стигмата да се дозволи престој на татковците со децата во Клиниката.Предност им се давала секогаш на мајките најмногу поради доењето и потребата на бебето и детето од мајката, но ќе се потрудиме да не ги дискриминираме и татковците. Има самохрани татковци до кои сакам да упатам посебна почит за вложувањето што го даваат за да ги израсната децата. Ќе се потрудам сега од оваа позиција која ја имам да ги променам работите. Со министерот Филипче ќе имаме креативни разговори, тоа што Вие го предложивте сега ќе го ставиме на агенда за делување.

Верувам дека наскоро Детската клиника ќе стане „Father friendly“ и „Pet friendly“ болница, најави Софијанова. Таа најави дека ќе го среди неонаталниот и педијатрискиот транспорт за да се овозможи побрз транспорт на дечињата од регионалните центри во Детската болница во Скопје.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 − 7 =