Д-р. Ангелковски во Скопски агол: Богатата исхрана го спречува ширењето на грипот кај децата

You must need to login..!

Опис

Градинките во Скопје се празни, а на сметка на тоа, болниците се се повеќе полни, како резултат на грипот кој зема се поголем замав. Директорот на болницата за белодробни заболувања кај децата „Козле“, д-р. Ангелко Андоновски, во Скопски агол, на Утрински брифинг вели дека ова е период од годината во кој вообичаено се појавува грипот, и не треба поради тоа да се крева паника.

„Имаме зголемено присуство на пациенти кои бараат помош кај нас. Тоа се најчесто дечиња кои ги имаат тековните патологии кои можат да настанат како последица од грипот. Станува збор за пандемски грип, станува збор за инфлуенца А, инфлуенца Б, параинфлуенца, може да настане и ларингит и појава на пнеумонии кај помалите дечиња, но ситуацијата е под контрола, смирува д-р. Ангелковски.

Тој апелира родителите да посветат внимание на зголемување на имунитетот, со збогатена исхрана, но и инуностимулатори, но на своја рака да не ги лекуваат децата.

„Родителите не смеат на своја рака да ги лекуваат децата. Злоупотребата на лекарства е опасно, апелирам родителите без консултација со матичните лекари да не ги лекуваат децата“, предупредува д-р. Ангелковски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eleven + eighteen =