Д-р Дединец: Забрзани инвестиции во обновливите извори ќе дадат ефект по неколку години – потребни се мерки да се пресретне струјниот удар и шок цените

You must need to login..!

Опис

-Би рекол дека сме на работ на голема светска енергетска криза, алармантна е ситуацијата цените одат во нагорна линија, најниската цена за киловат час е 150 евра а највисоката достигна до 300. Периодот кој што неочекува воопшто нема да биде едноставен, политичарите најавуваат политички мерки, но во следните месеци навистина ќе бидат интересни за набљудување.

-Не треба да заборавиме дека пред десетина години во време на криза имавме интервентен увоз, кризи се случуваат и ќе се случуваат но ние треба да им пристапуваме подготвени, вели за Уб Проф. Д-р. Александар Дединец.

-Вакви шокови не може никој да предвиде.

-Во стратегијата е напишано дека ќе има поскапувања и флуктуации на цената и тоа е резултат на либерализацијата на регионалните пазари.

-Претходната година цената за киловат час изнесуваше 20 – 40 евра. Европа е увозно зависна, покрај зелената агенда за производство од обновливи извори на енергија.

-Во Азија имаме зголемување на потрошувачката на природниот гас кој поради тоа поскапи, потврлија многу ветерните електрани во европа, а поради жешкото лето имавме празнење на акумулациите. Сето ова влијаеше врз формирањето на моменталната цена.

-Не би рекол дека кризата ја претрка Владата, Владата и немаше многу време за да изгради поголеми капацитети за производство на електрична енергија. Можам да кажам дека е на добар пат, Ние увезуваме од 30 до 35 проценти од потребите.

-Добро ќе беше да имаме извори на обновлива енергија бидејќи немаше да бидеме толку зависни, ќе заштедевме и на јаглен, но еве велам дека тоа е вистинската насока по која треба да се движиме.

-Голем број проекти што беа зацртани во стратегијата почнаа да се реализираат и тоа е добро, вели Дединец.

Целиот разговор погледенте го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fifteen − fourteen =